Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Бегаат од пеколот: Почна евакуацијата во Дебаљцево!

(ВИДЕО) Бегаат од пеколот: Почна евакуацијата во Дебаљцево!

Конвои со автобуси за евакуација на цивили од украинскиот град Дебаљцево стигнале во тој град , јавува Франс Прес.

И властите на самопрогласената Доњецка Народна Република и украинските власти испратија вкупно 25 автобуси. Како што е претходно потврдено, министерот за внатрешни работи Аброскин, денеска на сила стапило хуманитарно примирје околу Дебаљцево за да цивилите би можеле да го напуштат градот.

Дебаљцево е клучниот железнички чвор помеѓу два главни жаришта на проруските сили (Луганск и Доњецк), а веќе со денови со артилериски оган го опсипуваат и украинската војска и милицијата во самоодбрана на ДНР. Организацијата „Амнести интернешнел“ оваа недела објавила дека повеќето од 25 000 жители на Дебаљцево уште претходно си заминале, но околу 7000 луѓе уште се наоѓаат во тој град.

Цивилите од Дебаљцево ќе бидат превезени во Горловка или Артемовск, рекол претставник на Министерството за одбрана на ДНР Едуард Басерин.

 
Слично

Поврзани вести