Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) BBC ја објави листата на најплатените водители...нивните плати се астрономски

(ВИДЕО) BBC ја објави листата на најплатените водители...нивните плати се астрономски

Британскиот јавен сервис БиБиСи објави денес колку заработуваат неговите најплатени ѕвезди, а на врвот на листата е водителот Крис Иванс, со годишна плата поголема од 2,2 милиони фунти.

Плата поголема од 150 000 фунти годишно, повеќе од британскиот премиер имаат 96 вработени.

Висината на заработката е објавена во платни групи, а не во точен износ.

Иванс, водителот на БиБиСи радио кое кратко време ја водеше популарната емисија „Топ гер“ во која Џереми Кларксон доби отказ, заработува помеѓу 2,2 и 2,5 милиони фунти годишно.


Домаќинот на емисијата „Match of the day“, поранешниот фудбалер Гери Линкер прима годишна плата помеѓу 1,75 и 1,8 милиони фунти.

На листата најдобро платени водители две третини се мажи, а најплатената жена заработува помалку од четвртина од платата на Иванс.

Клаудија Винклеман, со најдобра заработка меѓу жените, добива помеѓу 450 000 и 500 000 фунти.

Големи разлики во платите постојат и помеѓу белците и црнците, и припадниците на други етнички групи.


Меѓу нив најплатени се новинарот и водидетл Џорџ Алаги од Шри Ланка, радио и тв водителот со пакистанско потекло Џејсон Мухамед и ди џејот и водител, Тревор Нелсон. Тие заработуваат помеѓу 250 000 и 300 000 фунти годишно.

Ова е прв пат да се објавени платите на БиБиСи ѕвезди кои заработуваат повеќе од 150 000 фунти.

БиБиСи е јавен сервис кој го финансират граѓаните, односно секоја куќа која има телевизор или гледа БиБиСи онлајн. Претплатата изнесува 147 фунти годишно.

Слично

Поврзани вести