Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Базилика во Венеција е уништена од поплавите

(ВИДЕО) Базилика во Венеција е уништена од поплавите

Во Венеција поплавите направија огромни штети на некои мозаици и столбови во базиликата Св. Марко и нема да може да се поправат.

Меѓу оштетените се неколку подни мозаици од десната страна на зградата, на кои се прикажани слики од пауни и прекривка со цвеќиња.

Темелите на некои мермерни столбови исто така се уништени.

Целокупниот обем на штетата нема да биде познат сè додека не се исуши, што ќе трае неколку месеци.

Венеција минатата недела претрпе најголеми поплави во последните пет децении. За една недела имаше три поплави. 


Слично

Поврзани вести