Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) БАРСЕЛОНА „ГОРИ“: Насилни протести, апсења, барања за независност

(ВИДЕО) БАРСЕЛОНА „ГОРИ“: Насилни протести, апсења, барања за независност

Во протестите во Каталонија има 34 лица повредени, и четворица уапсени. 

Триесет и четири лица, меѓу кои 12 полицајци, се повредени во судирите помеѓу полицијата и приврзаници на независноста на Каталонија, кои денеска ги блокираа  главните сообраќајници. 

Генералниот штрајк го организираа синдикати и студентски здруженија, кои бараат независност на Каталонија.

Во близина на железничката станица демонстрантите со камења ја гаѓаа полицијата, која возврати со солзавец и палки.


Бараат 35-часовна работна недела и зголемување на минималната плата, но има и големо незадоволството кон централната власт поради судењето на лидерите на каталонските сепаратисти.

7,5 милиони жители на Каталонија се поделени во однос на прашањето за отцепување од Шпанија, покажуваат анкетите. 

Слично

Поврзани вести