(ВИДЕО) Банкнотата од 10 евра добива нов изглед
Новата банкнота од 10 евра започнува да се дистрибуира и да влегува во употреба од утре, соопшти Европската централна банка. Новите банкноти од 10 евра, слично како претходно воведените од 5 евра, содржат подобрувања во однос на заштитата од фалсификување.
Освен ова, банкнотата има и воден жиг и холограм со портретот на Европа, личност од грчката митологија.
Бројот 10 испечатен во смарагдно зелена боја, ќе ја менува бојата во темносина на промена на светлината и движење. Новите банкноти се очекува и да траат подолго, како резултат на дополнителните заштитни облоги на хартијата.
Сите евро-банкноти од првата серија се очекува да бидат заменети со нови и позаштитени во следните неколку години, што треба да им ја отежне работата на фалсификаторите. Еве како изгледаат новите 10 евра:
http://www.youtube.com/watch?v=foMVpbKMAkA#t=45
Слично
