(ВИДЕО) Багдад зајакнува безбедност за да се одбрани од исламистите
Нов план за заштита на Багдад од екстремистите е воведен денеска, откако исламистите од радикалната организација ИСИЛ успеаја да де приближат на само 50 километри од главниот град на Ирак.
Планот содржи поинтензивно разместување на ирачките безбедносни сили, јакнење на разузнавачките активности и употреба на технологија (извидувачки балони и камери), како и друга опрема, со цел да се дознаат позициите на екстремистите“, рече претставникот на ирачкото Министерство за внатрешни работи, бригадниот генерал Саад Ман.
Според него, зајакната е и координацијата меѓу безбедносните структури.
http://www.youtube.com/watch?v=JqXQrWufaIE
Советот за безбедност на Обединетите нации ги осуди новите пројави на екстремизам во Ирак и повика на итен дијалог меѓу страните. Претставниците на СБ на ОН синоќа заседаваа зад затворени врати каде им беше претставен извештај на специјалниот пратеник на ОН во Ирак, Бугаринот Николај Младенов за ситуацијата во државата.
Како резултат на нападот на сунитските исламистички борци врз Мосул само оваа недела има околу 100 цивилни жртви, изјави Руперт Колвил, портпаролот на Високиот комесар на ОН за правата на човекот, Нави Пилај.
Слично
