(ВИДЕО) АЗОВ НЕ СЕ ОТКАЖУВА ОД МАРИУПОЛ: Тргнаа во контра напад
Баталјонот Азов најави од градот Мариупол дека тргнува во контра напад.
Информацијата ја објавија на социјалните мрежи.
„Одбраната на Мариупол продолжува. И покрај надмоќните сили на непријателот борците на Азов тргнуваат во контранапад“, напишаа тие.
Москва претходно објави дека ја презела контролата над пристанишниот град на југот на Украина. Русија во саботата објави дека ја има контролата врз урбаните подрачја, но дека некои украински борци останале во челичарницата Азовстал.
Русите заземаа уште еден град во Украина. Русија на 24 февруари ја почна војната во Украина.фото Принтскрин
Слично
