Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Азиските зимски игри ќе се одржат во град кој уште не постои

(ВИДЕО) Азиските зимски игри ќе се одржат во град кој уште не постои

Непостоечки пустински град е избран за домаќин на Азиските Зимски игри. 

Саудиска Арабија ќе биде домаќин на Азиските Зимски игри, кои ќе се одржат во пустината во 2029 година. Спортистите ќе се натпреваруваат во 47 спортови, од кои 28 на снег, а 19 на мраз.

Азиските зимски игри се одржуваат од 1986 година, а досега се одржуваа во Јапонија, Кина, Јужна Кореја и Казахстан, земји каде има идеални услови за зимски спортови.

Овие зимски игри треба да се одржат во футуристички мегаград во пустина вреден 500 милијарди долари. Како што се наведува, во тој град ќе има можност за вежбање зимски спортови во текот на целата година.

Во јули, престолонаследникот Мохамед бин Салман ги откри плановите за проектот NEOM, познат како „линија од два паралелни огледални облакодери“ што опфаќа 170 километри планински и пустински терен.


Слично

Поврзани вести