(ВИДЕО) АЗЕРБЕЈЏАНСКИ ВОЈНИК ВО НАГОРНО - КАРАБАХ: Им ги сечеме рацете за да не можат да земат оружје
Азербејџански војник со видео се фали дека убил ерменски цивил.
Од Amnesty International, невладината организација за човекови права, велат дека истражувале 22 видеа од конфликтот на кои се гледаат егзекуции, злоставување на затвореници и сквернавење на тела на загинати.
„Јас го убив. Им ги сечеме рацете за да не можат да земат оружје. Тоа нека им биде лекција“, објаснува човекот кој тврди дека е војник, а на видеото зборува на азербејџански јазик.
Азербејџан и Ерменија започнаа со размена на затвореници.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу денеска оцени дека договорот за Нагорно Карабах позитивно ќе влијае на односите меѓу Турција и Ерменија.
Војната во регионот траеше неколку седмици.
Слично
