Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АВТОБУС УДРИ ВО АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО СТОКХОЛМ: Има жртви и повредени

(ВИДЕО) АВТОБУС УДРИ ВО АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО СТОКХОЛМ: Има жртви и повредени

Најмалку две лица загинаа, а неколку се повредени во сообраќајна несреќа во центарот на Стокхолм денеска откако автобус се удри во автобуска станица, соопшти полицијата.

Службата за брза помош соопшти дека несреќата се случила околу 15 часот.

„Имаме неколку тешко повредени лица. Полицијата и спасувачките екипи сѐ уште се на местото на настанот“, изјави портпаролот на противпожарната служба Оскар Давила.

Полицијата соопшти дека има „повредени и починати“ лица во инцидентот на улицата Валхалаваген, во близина на Технолошкиот универзитет.

foto X


Слично

Поврзани вести