(ВИДЕО) Автобус со верници падна во длабока провалија, многу жртви и повредени
Автобус со аџии во Пакистан падна во длабока провалијапри што загинаа најмалку 23 лица, а 50 се повредени.
Според вестите на локалните медиуми, автобусот со патници во Куздар се движел со многу поголема брзина од дозволената. Се наведува и дека, автобусот превезувал повеќе патници од дозволеното, дури имало и на покривот од автобусот.
Аџиите се враќале во Дада, област во соседната јужна провинција Синд, каде биле во посета на светилиштетот.
Несреќи со смртни случаи се чести во Пакистан поради лошата патна инфраструктура и непочитувањето на сообраќајните прописи.
ФОТО И ВИДЕО: AP
Слично
