Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Австралискиот премиер „падна“ на хот-лајн пензионерка

(ВИДЕО) Австралискиот премиер „падна“ на хот-лајн пензионерка
Австралискиот премиер Тони Абот на радио емисија во живо се соочи со лута пензионерка која му кажа дека е принудена да работи на телефонска секс-линија за да сврзе крај со крај. Нејзината приказна ги заинтересира слушателите, но многу повеќе коментари предизвика реакцијата на Абот. Имено, со оглед на тоа што радио емисијата се снимала и со камери, тие го „уловиле“ австралискиот премиер како му намигнува на водителот и се смее кога слушнал со што се занимава оваа пензионерка. Жената која се претставила како Глорија рекла дека работи на телефонска секс-линија за да преживее, на што Абот му намигнал на водителот и се насмеал. Тој продолжил да се смее додека жената зборува, а потоа погледнал директно во камерите и го вратил сериозниот израз на лицето. Владините претставници изјавиле дека премиерот намигнал како знак за водителот дека е подготвен да одговори на прашањето. Сепак сенаторката Сара Хенсон-Јанг заради овој гест го нарече премиерот „тотален лигуш“. „Наместо сериозно да ја сфати нејзината загриженост заради сиромаштијата и болеста, тој намигнува и се смее... се што можам да кажам за првиот министер е дека тоа е лигаво“, рече Хенсон-Јанг. Се разбира има и такви кои се сомневаат во веродостојноста на приказната на „Глорија“, дали таа е навистина пензионерка и дали всушност нејзината радио-конфронтација со премиерот има политичка позадина. Минатата година Абот на телевизија го испитуваше една пензионерка Вилма Ворд, за која подоцна се утврди дека силно ја поддржува Лабуристичката партија и дека еден од најголемите обожаватели на поранешниот австралиски премиер Кевин Рад. Дали гестот на Абот беше на место, погледнете од видеото: http://www.youtube.com/watch?v=vWcEUPIQNJA
Слично

Поврзани вести