(ВИДЕО) Авион удри во зграда во Перт
Авион удрил во зграда во Австралија.
Авионот на компанијата Кобам авиејшн удрил во аеродромската зграда во Перт, откако на авионот му откажале кочниците за време на таксирањето по пистата, објави Вест аустралиан.
Внатре имало 62 патници и четворица членови на екипажот, но никој не е повреден.
Патниците брзо се евакуирани од авионот и нив им е забрането да фотографираат на местото на несреќата.
Слично
