(ВИДЕО) Авион удри во аеродромска зграда, четворица мртви!
Најмалку четири лица загинаа кога помал авион денеска се урна на аеродромот во Вичита, во американската сојузна држава Канзас, и удрил во една аеродромска зграда.
Пожарникарите набрзо после падот на авионот, околу 9.50 по локално време, стигнале на местото на несреќата, каде затекнале „страшен пожар“ кој избил бидејќи авионот удрил во аеродромската зграда, изјавил шефот на пожарната бригада Бред Крисп. Тој навел дека во аеродромската зграда загинале најмалку четири лица, додека петорица од нив се повредени.
Четири лица и понатаму се водат како исчезнати, но потрагата по нив е запрена околу пладне по локално време, бидејќи е проценето дека за спасувачите е премногу опасно да го пребаруваат делот од зградата кој се урнал.
Пожарот сега е под контрола, а не телевисиките снимки од местото на несреќата можело да се види како од зградата на аеродромот се издига голем димен облак.
Авионот од типот „Бичкрафт“ се урнал бидејќи по полетувањето останал без мотор, објави медиумската куќа КСН, цитирајќи извори од американската Управа за безбедност на сообраќајот.
