Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Авион со педесетина патници падна во море

(ВИДЕО) Авион со педесетина патници падна во море

Авион со 47 патници и членови на екипажот во водите на Пацификот во Микронезија, ја надлета пистата и падна во море.

Нема сериозно повредени луѓе во инцидентот, кој се случи на островот Чук.

Несреќата ја пријавиле локалните жители, кои за медиумите изјавиле дека авионот Боинг 737-800 летал прениско, ја надлетал пистата и го пробил пристаништето на островот, пред да слета во вода.

Причините за несреќата не се познати. Авионот полетал од Нова Гвинеја и бил сопственост на авиокомпанијата Ер Ниургини.

Микронезија се наоѓа северно од Австралија и има околу 100 илјади жители.


Слично

Поврзани вести