Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВИДЕО: Авион на „Фронтекс“ падна во Малта, има мртви

ВИДЕО: Авион на „Фронтекс“ падна во Малта, има мртви

Повеќе од пет луѓе загинаа откако мал авион со официјални лица од граничната агенција на ЕУ се урна во Малта. 


Информацијата ја објави „Тајмс оф Малта“ повикувајќи се на очевидци.

Несреќата се случила во 7.20 часот при полетување од аеродромот во Луга, кога авионот одеднаш се навалил на десната страна и се урнал. 

Се верува дека нема преживеани.

Авионот требало да лета кон Мисрата во Либија. Нема официјална потврда за националностите на жртвите.

Сите полетувања и слетувања на меѓународниот аеродром во Луга се откажани. Летовите кон Малта се пренасочени кон аеродромите во Италија, на Сицилија.

Овој авион може да превезе 10 луѓе. 

Слично

Поврзани вести