Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Авион без капка гориво го обиколи светот

(ВИДЕО) Авион без капка гориво го обиколи светот

Експериментален авион на соларен погон „Солар импулс 2“, слетал во Њујорк, во последната фаза на својот пат околу светот.

Авионот со швајцарско производство прелета над Кипот на слободата и го надлета градот, пред да лета на Меѓународниот аеродром Џон Ф. Кенеди рано утрово.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/StarAdvertiser/status/741560163492978690?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

„Солар импулс 2“, кој има за цел да ја промовира чистата енергетска технологија, доцна синоќа полета од аеродромот во Пенсилванија.

Според првичниот план, експерименталното летало требало кон „Големот јаболко“ да тргне во понеделникот вечерта, но поради дождовите и невремето со грмотевици во таа област морало да остане приземјено.

[embed width="700" height="450" ]https://twitter.com/ajplus/status/735862751558393860?ref_src=twsrc%5Etfw[/embed]

Во рекордниот обид да го обиколи светот без капка гориво, авионот на соларен погон тргнал на своето прво патување во март од Абу Даби, а во продолжение на патот свратил во Оман, Мјанмар, Кина и Јапонија.

Слично

Поврзани вести