Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Авганистанец пред камери ги искина своите дипломи

(ВИДЕО) Авганистанец пред камери ги искина своите дипломи

Професор во Авганистан си ги искинал дипломите за време на телевизиско интервју. 

Станува збор за Исмаил Машал, кој си ги искинал дипломите за време на телевизиски настап во Авганистан. Тоа го направи во знак на протест затоа што Талибанците им забранија на жените да се школуваат на универзитетите. Машал е основач на приватен колеџ и предавач на Универзитетот во Кабул.

„Ако моите сестра и мајка не можат да студираат, тогаш јас не го прифаќам ова образование“, изјави тој, пренесе Си-ен-ен.


Талибанците на 20 месецов објавија дека универзитетскиот образование за сите студентки е забрането. Авганистанската влада им забрани на девојчињата да одат во средно училиште во март годинава.  

Во ноември на жените им е забранет влез во сите паркови во Кабул. Тие воедно не смеат да посетуваат спортски сали. 

Имаше многу забрани, а дури забрането беше и пуштање на музика. 

Талибанците забранија музика на јавни места во Авганистан во август лани. 

Слично

Поврзани вести