(ВИДЕО) Авганистанците ги продаваат своите деца за да преживеат
Милиони Авганистанци се на работ на глад, пишува Би-Би-Си. Авагнистанците ги продаваат своите деца или своите органи за да преживеат.
„Нашите деца постојано плачат и не спијат. Немаме храна“, рекол Абдул Вахаб.
„Значи, ајде да одиме во аптека, да купиме апчиња и да им ги дадеме на нашите деца за да можат да спијат“, додаде тој.
Тој живее недалеку од Херат, третиот по големина град во земјата, во населба со илјадници мали куќички од кал, која расте со децении и е полна со луѓе кои морале да ги напуштат своите домови поради војна и природни катастрофи. На прашањето колку од нив им даваат апчиња на децата за да ги смират, тој вели: „Многу, сите ние“.
Слично
