Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Артилериски напад во Доњецк: Горловка гаѓана со гранати на НАТО

(ВИДЕО) Артилериски напад во Доњецк: Горловка гаѓана со гранати на НАТО

Силен артилериски оган се слуша утрово околу Доњецк, жариштето на проруските сепаратисти на истокот од Украина, јавуваат известувачите на Франс прес, а руската телевизија Лајф њуз јавува дека украинската војска ја гаѓала Горловка, предградието на Доњецк, со гранати од арсеналот на НАТО.

nato-municija-donjeck-gorlovka-foto-printscreen-yt-1427016412-628070

Се слуша размена на оган од тешка артилерија од 7 часот по средноевропско време во зоната близу до аеродромот во Доњецк.

„Се слуша не само од правецот на аеродромот, туку и од областите на Смолјанка и Гарделја, а на Путиловка луѓето цела ноќ око не затвориле“ - раскажал Андреј Јевремов, од Доњецк и додал дека цело утро се слушаат митралези, автомати и нешто тешко.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=vH0qAGGUVyk&feature=player_detailpage[/embed]

Жителите на Доњецк велат дека граната паднала на одделението за багаж на Железничката станица , но не експлодирала.

Двете страни взаемно се обвинуваат дека го кршат примирјето од Минск, со посредство на францускиот претседател Фрасоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел и во присуство на претсеадтелот на Русија Владимир Путин.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=RWUzzhSDXwA[/embed]

Слично

Поврзани вести