(ВИДЕО) Арканзас: 6 загинати откако автобус излета и удри во мост
Шест лица загинале на лице место откако автобус излетал од автопат и се удри во мост на реката, соопшти телевизијата ABC. Драмата се случила на раздвижениот автопат 40 во северен Литл Рок, во државата Арканзас.
Бројот на повредените во моментов е 20, и тие сите до еден биле сместени во различни болници низ државата.
Според полицајците од регионот, тие добиле сигнал за инцидентот во еден по полноќ. Тоа било неколку часа откако моќна бура го погодила регионот на патната артерија.
Според Националната метеоролошка служба на местото на инцидентот имало силен дожд и доста густа магла. Но, во моментов не е јасно дали невремето или возачка грешка се главната причина за хоророт.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/P5LS9u3bwpE[/embed]
Слично
