(ВИДЕО) Аргентинските навивачи со тенк се движат по улица и очекуваат да ја победат Хрватска
На Светското првенство (СП) во Катар, Аргентина вечерва ќе игра против Хрватска. Натпреварот почнува од 20 часот. На социјалните мрежи се појави хит видео од аргентински навивачи за кои се тврди дека се „загреваат“ за дуелот.
Навивачите носат знамиња и со тенк се движат по улица.
Видеото можете да го видите тука.
Вторпат Хрватска ќе игра полуфинале на едно Светско првенство, а третпат ќе се бори за медал после бронзата во 1998 и среброто во 2018 година. Противник на Хрватска вечерва ќе биде Аргентина предводена од Лионел Меси.
Слично
