(ВИДЕО) АПСЕЊЕ ВО ИТАЛИЈА: Вработени во дом за стари лица ги тепале штитениците
Во Италија вработени во дом за стари лица тепале и понижувале стари луѓе.
Полицијата вчера во голема акција во старечки дом кај Комо уапсила седум луѓе, пет жени и двајца мажи, под сомнение дека малтретирале стари луѓе-штитеници на старечкиот дом РСА „Сакро Куоре“, јавија локалните медиуми.
Истрагата за случајот траела шест месеци. Во полициската станица во Комо во август минатата година е пријавено малтретирање на старите луѓе кои биле сместени во домот. Според медиумите, пријавата не е поднесена од семејствата на штитениците, туку од надворешен извор кој пријавил појава на „чудни работи кои не се како што треба“ во институцијата.
Дел од медиумите објавија дека насилството и постојаното малтретирање на луѓето во домот се случувало само на еден кат, а жртви биле околу десет луѓе. Пред неколку години се појави снимка како вработени во приватен дом за стари лица во Косово, малтретираат жена. Одговорните беа уапсени.
фото принтскрин
