(ВИДЕО) Апсење во живо: Украински функционери се уапсени на седница на Владата
Двајца високи функционери во украинската државна администрација беа уапсени утрово на седница на Владата, што се пренесуваше во живо од телевизиските камери.
Тоа се шефот на Државната служба за вонредни ситуации Сергеј Бочковски и неговиот заменик Василиј Стоецки. Тие биле однесени со лисици за дел од истрагата за злоупотреби при јавни набавки и учество во корупциски шеми во службата.
„Штотуку бев информиран од министерот за внатрешни работи за злосторства извршени од највисокото раководство на службата за вонредни ситуации. Ќе го замолам министерот да даде информации“, изјавил на почетокот премиерот Арсениј Јаценјук.
Потоа Арсен Аваков раскажал дека станува збор за шема за државни нарачки извршени во приватна компанија во која се пренесуваат парите на офшор компанијата регистрирана на островот Џерси. „Потоа друга компанија, која им припаѓа на Стоецки и Бочковски, ги добивала средствата и ги распределувала на банкарски сметки, вклучително и во Кипар“, додаде тој и ги покажал кредитни картички, за кои тврди дека се предметните сметки.
Аваков исто така, изјавил дека апсењата се направени, откако на осомничените им биле прочитани обвиненијата и нивните права, сето тоа како спектакл за пред камерите. Двајцата функционери се обвинети по чл. 208 од Кривичниот законик на Украина - „незаконско откривање или употреба надвор од територијата на Украина на девизни сметки“.
Водечкиот истражувач изјавил дека кривичната постапка била поведена по сигналите на пратениците. Според неговите зборови, се купува гориво со надуени цени од компаниите „Лукоил“, „Алванс" и др., а кандидатите во тендерите кои нудат пониски цени, не биле примени.
Министерот за внатрешни работи побарал да бидат отпуштени двајцата притвореници, како и сите регионални раководители на службата.
