Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени од Хаваи каде загинаа најмалку 36 луѓе

(ВИДЕО) Апокалиптични сцени од Хаваи каде загинаа најмалку 36 луѓе

Во пожарите на Хаваи загинаа најмалку 36 луѓе.  Информацијата ја потврди округот Мауи доцна вчера.

Официјални лица претходно изјавија дека 271 градба биле оштетени или уништени, а десетици луѓе се повредени. Илјадници жители на Хаваи бегаа од домовите на Мауи за да се спасат. Огнот принуди некои возрасни и деца да скокнат во океанот. Околу 11.000 посетители заминаа од Мауи вчера, а уште најмалку 1.500 се очекува да заминат денес, според Ед Снифен, државен директор за транспорт.

Претседателот на САД, Џо Бајден нареди сите расположливи федерални средства да помогнат во одговорот. Тој изјави дека Националната гарда на Хаваите мобилизирала хеликоптери за да помогнат во гасењето на пожарот, како и во напорите за пребарување и спасување.

Екс претседателот на САД, Барак Обама, кој е роден на Хаваи, на социјалните мрежи изјави дека е тешко да се видат некои од сликите како излегуваат од место кое е толку посебно за многумина.

Огнот го уништи историскиот град Лахаина. 


Слично

Поврзани вести