Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АПОКАЛИПСА ВО КАЛИФОРНИЈА: Највисоката брана пука, илјадници луѓе се евакуираат и бегаат пред потопот!

(ВИДЕО) АПОКАЛИПСА ВО КАЛИФОРНИЈА: Највисоката брана пука, илјадници луѓе се евакуираат и бегаат пред потопот!

Илјадници граѓани во Северна Калифорнија во паника бегаат од своите домови во страв дека ќе пукне браната „Орлови“ , која е највисока брана во САД.


Шерифот на округот наредил итна евакуација по пат на социјалните мрежи, предупредувајќи и нагласувајќи повеќе пати дека не се работи за вежба и дека состојбата е крајно сериозна... Најмалку 188 000 луѓе веќе се евакуирани од ова подрачје.


Населението низводно од највисоката брана во САД во близина на градот Оровил, во паника тргнало да ги напушта своите домови, а на патиштата се создале колони автомобили.


Итна евакуација е наредена по предупредувањето дека браната може да попушти поради огромните пукнатини кои се појавиле пред неколку дена и на која забрзано и се брза. Дупката се отворила од големиот притисок после обилни дождови.


Во вторник на километар и пол долг преливник на браната, преку кој се празни водата од вештачкото езеро за време на таканаречените големи води (пораст на нивото на водата во реки и езера) се отворил кратер од 80 метри долг, 50 метри широк и 10 метри длабок.


Инженерите затоа веќе во четвртокот почнале да ја испуштаат водата од акумулираното езеро низводно од браната, каде е забележано дека недостасуваат огромни парчиња бетон.


Нивото на водата во петокот било помало од два метри од врвот на браната, поради силните дождови и снег. Калифорнискиот гувернер Џери Браун поради поплавите и појава на клизалишта од Сојузната служба за вонредни ситуации побарал прогласување на елементарна непогода.


Инаку браната кај градот Оровил кој има околу 16 000 жители е висока 230 метри, а градена е од 1962 до 1968 година и е највисока брана во САД.

Слично

Поврзани вести