Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АПОКАЛИПСА ВО ГЕРМАНИЈА: Град голем колку тениско топче уништи возила, искорнати и дрвја

(ВИДЕО) АПОКАЛИПСА ВО ГЕРМАНИЈА: Град голем колку тениско топче уништи возила, искорнати и дрвја

Германската покраина Баварија, посебно Минхен и околината, во понеделникот вечерта ја зафатило силно невреме, кое направило голема штета, а повеќе луѓе се повредени.

Во покраината паѓал град голем колку топчиња за голф, додека ветер корнел дрвја.

Градот ги искршил стаклата на бројни автомобили, прозорци на згради и нанесол голема штета на фасадите на бројни куќи.

Во Осталго бурата вадела дрвја од корен, а едно дрво повредило седумгодишно момче и двајца мажи.


Медиумите пренесуваат дека велосипедисти стоеле под искорнатото дрво , барајќи заштита, кога врз нив паднало друго дрво.

Момчето е тешко повредено, додека мажите поминале со полесни повреди.


И на автопатот во близина на Амерзе паѓал град голем колку тениско топче, и оштетил бројни возила.

Невремето довело и до прекин во регионалниот железнички сообраќај.

Во Менхенгладбах пак силните врнежи поплавиле патишта и куќи. И од деловите од покраината на Саксонија од полицијата известуваат за поплавени патишта.


Foto: Twitter/Printscreen


Слично

Поврзани вести