Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АПОКАЛИПСА КОЈА СЕ ГЛЕДА ЕДНАШ ВО 100 ГОДИНИ: Снег и лавини во Европа, најстрашното допрва доаѓа

(ВИДЕО) АПОКАЛИПСА КОЈА СЕ ГЛЕДА ЕДНАШ ВО 100 ГОДИНИ: Снег и лавини во Европа, најстрашното допрва доаѓа

Тројца мажи загинаа во лавина близу австрискиот скијачки центар Лех ам Арлберг. Трае потрагата за четвртиот скијач, кој засега се смета за исчезнат.

Во Франција пак, загинаа двајца вработени во скијалиштето Морилон. Ги убила лавина, а во регионите на Савој и Хојт Савој на сила е аларм поради опасност од лавини.


Екстремните зимски услови - големи количини снег и ниски температури - во текот на последните недела дена ширум Европа однесоа вкупно 26 животи.

Седумгодишно дете загинало бидејќи врз него паднало стебло во Германија, 16 годишник починал во лавина во Австрија и 27 годишен маж загинал во лавина во Словачка.


Лавините убиле и млада Швеѓанка и тојца скијачи од Финска во Норвешка во градот Тромсо.

Во Австрија во текот на измината недела дена паднала рекордна количина снег, а нови огромни количини и до 2 метри нов снег се најавуваат во текот на следните три дена.


Во Швајцарија лавина целосно го потрупала хотелот Сантис во Швагалуп. Повредени се три лица.

Ова се случува еднаш во 100 години


-Толкава количина снег на висините поголеми од 800 метри надморска височина се случува на секои 30 до 100 години“ , изјавил Александар Радлхер од австрискиот Институт за метеорологија и геодинамика.

Австриската војска испратила хеликоптери да симнуваат снег од крошните на дрвјата за да се спречи паѓање на стебла на железничките пруги и патишта.

Слично

Поврзани вести