(ВИДЕО) Антитерористичка операција во Унгарија, 6 лица приведени
Високи унгарски политичари се ставени под зголемена безбедност, соопштија од Центарот за борба против тероризмот во земјата.
Според безбедносните служби против државните службеници биле потготвувани напади.
Денес унгарската полиција соопшти дека уапсила шест лица за време на антитерористичка операција. Четворица од приведените биле во Будимпешта. Во нивниот автомобил биле откриени експлозиви.
За време на претресот во домот биле пронајдени и неколку готови рачноизработени бомби и елементи за изработка на уште такви бомби.
Полицијата уапси уште две лица, во чиј автомобил биле откриени автомати, придушувачи и муниција.
Двајцата официјално се ставени во притвор, судбината на останатите ќе биде решена од судот.
За сега не е јасно дали двете групи имаат нешто заедничко и дали станува збор за криминална организација или за терористи, поврзани со „Исламска држава“.
Службите за безбедност одбиваат да го откријат идентитетот и националноста или наводните мотиви на приведените, но нагласуваат дека случајот има меѓународна димензија.
Во исто време нивото на опасност од терористички напади во Брисел останува највисоко, додека во останатиот дел од земјата е намалено до трет степен.
Потенцијална цел на терористите се големите трговски центри, трговските улици и јавниот транспорт. Сепак училиштата и метрото ќе продолжат со работа денес, но со вооружена стража.
