(ВИДЕО) „Anonymous“ му објавија војна на џихадистите – „Ќе ве избришеме од интернет!“
Хакерската група „Anonymous“ им објави војна на џихадистите, во знак на освета за масакрот во Париз во кој браќата Саид и Шериф Куаши на седми јануари убија 10 новинари на редакцијата „Шарли Ебдо“ како и двајца полициски службеници.
„Anonymous“ најавија дека ќе ги угаснат сите сајтови на џихадистите. На снимката, маскиран припадник на „Anonymous“ вели дека ова порака се однесува на Ал Каеда, Исламската држава како и за сите други терористи.
„Објавуваме војна против вас, терористи“, вели членот на „Anonymous“ на снимката.
Како што е најавено, групата ќе ги следи и затвора сите профили на друштвените мрежи поврзани со терористите со цел да се осветат за убиените новинари во Франција.
Снимката е поставена на огранок на групата во Белгија, додава британски „Телеграф“.
[embed]http://www.youtube.com/watch?v=k1sCVOG9BF8[/embed]
Слично
