Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Анонимуси уништиле десетици профили на интернет

(ВИДЕО) Анонимуси уништиле десетици профили на интернет

Хакерската група Анонимуси уништила повеќе од десет профили на Фејсбук и Твитер на исламистите, кои биле наменети за  вработување на нови припадници, пишува „Mintpresnjuz“.

Анонимуси во видео пораката против исламистите наведуваат дека нивните членови се вклучени во акцијата #OpISIS „муслимани, христијани и Евреи“. Тие се „хакери, разбивачи на шифри, шпиони, или само момци од соседството ... ученици, службеници, вработени, невработени, богати, сиромашни“.

На снимката исто така се објаснува дека исламистите се „млади, стари, геј, стрејт... од сите раси, и од сите земји, религија и етнички заедници“. Обединети, со никаква поделеност, изјавиле Анонимуси.

На видеото исто така се информира јавноста дека терористите кои се нарекуваат Исламска држава не се муслимани.

Обраќајки им се на исламистите, Анонимуси  изјавија: „Ќе ве прогонуваме, угасете ги своите сајтови, профили, е-мајлови... Од сега нема сигурно место на интернет за вас... Ќе ве третираме како вирус, а ние ќе бидеме лекот... Ние го поседуваме интернетот... Ние сме Анонимуси, ние сме легија, не простуваме и забораваме, очекувајте не нас“ изјавија од Анонимуси.

Анонимуси исто така набројаа неколку профили кои ги изгасиле и некои на кои треба да се обрне внимание. Тие истакнаа дека ќе има се повеќе вакви активности активности.

Слично

Поврзани вести