Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Анонимуси прават хаос во Лондон, полициски возила во пламен

(ВИДЕО) Анонимуси прават хаос во Лондон, полициски возила во пламен

Над илјада демонстранти се собраа вчеравечер во центарот на Лондон на протестот со мотот „Марш на милион маски", кој веќе со години го организира активистичката група Анонимус.

Со бели маски на лицето тие скандираа „Едно решение-револуција!".

million-mask-march

„Ние ја видовме злоупотребата на оваа, а и на претходната влада. Ние гледаме како се уништуваат граѓанските права,гледаме како интернетот се претвори во уште еден механизам на власта за надзор, го видовме владиното непочитување на бегалците, сиромашните, немоќните....Ние гледаме како во главниот град профитот и моќта се ставени пред граѓаниските права и слободи. ЕПА ДОСТА Е!" - порачаа организаторите на протестот.

1415230119353_wps_32_British_police_officers_s

Простите ескалираа, откако демонстрантите се судрија со полицијата. Во немирите се фрлало со петарди и бакли, а според британските медиуми, запалени се и полициски возила.

Тројца полизајци се повредени, а 44 демонстранти се уапсени.

[embed width="700" height="450" ]https://www.youtube.com/watch?v=z5ZoWu-N5TA[/embed]
Слично

Поврзани вести