Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АНОНИМУСИ ОБЈАВИЈА ВОЈНА И ВО БОСНА: Ќе се бориме против муџахедините!

(ВИДЕО) АНОНИМУСИ ОБЈАВИЈА ВОЈНА И ВО БОСНА: Ќе се бориме против муџахедините!

Откако во петокот минатата недела се случија два терористички напади во Париз, хакерската група Анонимуси и објави целосна војна на „Исламска држава“. Меѓутоа пред два дена дојде до нови напади во Босна и Херцеговина, па хакерите решиле да се „забавуваат“ со џихадистите и во оваа земја.

Тие објавиле ново видео во кое кажуваат како доаѓаат во БиХ, бидејќи таму се случил терористички напад веднаш по оној во Париз.

„Здраво ние сме Анонимуси. Како што знаете, објавивме војна на „Исламска држава“ во Франција, а сега доаѓаме во БиХ. Слушнавме дека таму се случил терористички напад и сега ќе се бориме против муџахедините и групите кои ја подржуваат „Исламска држава“. Вашето име, муџахедини, се преведува како борци, но вие не сте борци“, се наведува во видео пораката.

Тие најавиле дека секој сајт што е поврзан со „Исламска држава“ ќе биде блокиран.

„Нашите напади се моќни како никогаш до сега. Во овој момент не објавуваме војна само на „Исламска држава“, туку на сите терористи. Ќе ве запреме вас бидејќи сме посилни“, се додава во видео пораката.

Погледнете го видеото:

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/lU8eze4_Pco[/embed]  
Слично

Поврзани вести