Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Анонимуси“ му објавија војна на Трамп

(ВИДЕО) „Анонимуси“ му објавија војна на Трамп

Приврзаниците на групата „Анонимуси“ му објавија војна на Доналд Трамп поради предизвиканите сериозни контроверзии за неговата изјава за забрана на муслиманите да пристигнуваат како бегалци во САД, соопштуваат „Анонимуси“.

Групата пушти по социјалните мрежи видео во кое нејзин член го подложува на критика кандидатот за претседателската функција во САД. „Анонимуси“, исто така, за кратко време пробиле сајтови на една од најголемите компании на Трамп - „Трамп Тауер“ во Њујорк.

Обвинението на „Анонимуси“ против Трамп е дека со заканата за забрана на муслиманите да патуваат во САД во пракса тој е оружје во рацете на „Исламска држава“. Претставникот на „Анонимуси“ го предупредил Трамп да размисли двапати пред да каже што и да било.

Приврзаници на хакерската група трагаат по социјалните мрежи за адреси и страници кои се поддржувачи на „ИД“ и се обидуваат да ги елиминираат. „Анонимуси“ одржуваат и офанзива против групата, во рамките на која ги преплавуваат социјалните мрежи со негативни записи за џихадисти.

Слично

Поврзани вести