Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) „Анонимуси“ и се заканија на „Исламска држава“: Спремете се и очекувајте не!

(ВИДЕО) „Анонимуси“ и се заканија на „Исламска држава“: Спремете се и очекувајте не!

Хакерската група „Анонимуси“ реагираше по нападите во Париз со видео кое се шири во голем број профили на „Јутјуб“ и е прегледано неколку милиони пати на „Фејсбук“.

Во записот хакерите им се закануваат на џихадистите и ветуваат „масовна реакција“ на терористичките напади.

„Овие напади не треба да поминуваат неказнето“, вели гласот зад познатата маска, која стана симбол на сајбер групата, пишува весникот „Le nouvel observateur“.

„Анонимусите“ во целиот свет ќе ве прогонуваат. Да вие сте ништожници, кои убиваат невини луѓе, ќе бидете прогонувани така, како што го направивме по нападот во „Шарл ебдо“, се вели во записот.

Хакерите додаваат уште дека ќе започнат со најголема масовната операција, извршена досега.

Во март „Анонимусите“ открија 9200 профили на членови на „Исламска држава“ на „Твитер“, за да алармираат за зголеменото присуство на џихадистите по социјалните мрежи.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/q9fnTEmf3NI[/embed]
Слично

Поврзани вести