Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Анонимуси хакирале сајтови на владата на Исланд поради лов на китови!

(ВИДЕО) Анонимуси хакирале сајтови на владата на Исланд поради лов на китови!

Китовите немаат глас, но Анонимуси зборуваат наместо нив!. Ова е пораката која хакерската група Анонимуси ја обелодени кога хакирале неколку сајтови на Владата во Исланд. Тие се бунат против ловот на китови, што во оваа држава е многу честа појава.

Минатата недела пет сајтови во Исланд биле хакирале, а нападот траел до саботата попладне. Инаку, оваа држава е една од трите која и понатаму лови китови, односно кој се спротиставува на ловот на овие цицачи.

„Китовите немаат глас, ние ќе зборуваме наместо нив. Време е да застанеме против убивањето на видовите кои изумираат. Нема да гледаме и да молчиме кога луѓето на Исланд убиваат“, соопштуваат Анонимуси.

Покрај Исланд, комерцијален лов на китови се дозволува и во Јапонија и Норвешка.

Анонимуси ги повикуваат своите следбеници за ширење на оваа порака по интернет со што би го запреле убивањето на китовите.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/oaDUF8U6QZ0[/embed]  
Слично

Поврзани вести