Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Андриушченко: Русите ќе изградат нов театар „на коските на жителите на Мариупол“

(ВИДЕО) Андриушченко: Русите ќе изградат нов театар „на коските на жителите на Мариупол“

Русите почнаа со целосно уништување на разурнатиот театар во градот Мариупол, изјави помошникот на градоначалникот, Петро Андриушченко кој е во егзил, јавува Би-Би-Си. 

Тој ги обвини руските власти дека се обидуваат да го прикријат убиството на цивилите кои загинаа во март.  Андриушченко смета дека Русите планираат да го остават предниот дел на театарот недопрен и да го уништат остатокот од структурата за да изградат нов театар „на коските на жителите на Мариупол“.

На почетокот на овој месец, новинарите на Асошиејтед Прес користеа сателитски снимки и проценија дека на гробиштата во Мариупол се ископани 10.300 нови гробници.

Украинските власти веруваат дека 25.000 луѓе загинале во борбите. Цивилите го користеле театарот како засолниште.

Од Кремљ се пофалија дека имаат значителен напредок во „демилитаризацијата на Украина“.

Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ, зборуваше за изјавата на рускиот претседател Владимир Путин која кажа дека „украинскиот воено-индустриски комплекс, ако веќе не е сведен на нула, оди во таа насока“. Русија ја нападна Украина на 24 февруари и војната уште трае. 

фото: твитер/принтскрин

Видеото можете да го видите тука. 

Слично

Поврзани вести