Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Американски морнари нападнати во Турција

(ВИДЕО) Американски морнари нападнати во Турција
Група на демонстранти, со извиците „Јенки, оди си дома“, нападна денеска тројца американски морнари во Истанбул близу до воениот брод на САД кој е закачен во пристаништето во Босфорскиот залив на Црното море.

Групата од десетина демонстранти им викале на морнарите, нарекувајќи ги убијци и говорејќи им дека треба да ја напуштат Турција.

Демонстрантите кои носеле транспарент на Асоцијацијата на младите Турци, фрлале на нов црвена боја и накртако успеале да им стават бели вреќи преку главата. На видео снимката на инцидентот, кој една група го снимила и постирала на Интернет, се гледаат демонстранти како ги бркаат војниците со повиците:„Јенки оди си дома“. Портпаролот на  Асоцијацијата на младите Турци Мелик Дибек рекол дека Американците потврдиле дека станува збор за нивни војници. За сега нема коментари на американската амбасада во Турција.      
Слично

Поврзани вести