Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Американската војска воведува ново СУПЕРМОЌНО оружје!

(ВИДЕО) Американската војска воведува ново СУПЕРМОЌНО оружје!
Американската морнарица ги најави плановите да го стави во употреба првото електромагнетно оружје, кое испалува експлозиви на далечина поголема од 160 километри и тоа со брзина седум пати поголема од брзината на звукот. Како што пишува весникот „Индепендент“, маринците се уверени дека ова оружје претставува „иднина на поморската борба“, а прототипите кои се изработени во моментот можат да го пробијат трупот на брод како низ него да поминал товарен воз. Ова ново оружје ќе биде тестирано на американските воени бродови во 2016 година. „Американската јавност ова никогаш не го видела. Но ова не е научна фантастика. Реално е и можете да го видите“, вели адмиралот Метју Кландер, шеф на морнаричките истражувања. Ваква технологија за првпат беше предложена на почетокот на 20-от век, но досега цената за изработка на вакво оружје беше голема кочница на целиот проект. Повеќе за тоа како изгледа оружјето во видеото: http://www.youtube.com/watch?v=qJQfAcBs5vQ  
Слично

Поврзани вести