Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви

(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви

Американската војска објави дека во источниот Пацифик уништила брод кој, според официјалните извештаи, бил користен за шверц на дрога. При акцијата загинале четири лица. Ова го потврди Јужната команда на САД (SOUTHCOM), додавајќи дека бродот бил „поврзан со назначена терористичка организација“.

„Четири машки наркотерористи на бродот беа убиени“, објави SOUTHCOM на платформата Икс.

Во последните месеци американските сили извршиле неколку слични напади. Медиумските проценки покажуваат дека досега во вакви мисии се убиени речиси 90 лица. Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, неодамна најави дека ќе следат уште вакви операции.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести