Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Американската војска погодила брод во источниот Пацифик

(ВИДЕО) Американската војска погодила брод во источниот Пацифик

Американската војска соопшти дека погодила брод во источниот Пацифик, при што загинале две лица. Јужната команда на САД тврди дека бродoт кој го нападнале вчера го управувале „терористички организации“.

Се наведува дека нема повредени припадници на армијата на САД, а убиените се опишуваат како „мажи наркотерористи“, без да се дадат детали.

„Разузнавањето потврди дека бродот се движел по познати рути за трговија со дрога во источниот Пацифик и бил вклучен во операции за шверц со дрога“, објави Јужната команда на САД на X. Исто така, објави видео клип од 16 секунди.

Американската војска изврши голем број вакви напади во источниот Пацифик во последните недели.

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп напаѓа бродови што ги обвинува за транспорт на наркотици. Повеќе од 170 луѓе досега се убиени во нападите на американската војска врз бродови од септември.

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести