Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Американската морнарица заплени танкер во Карипско Море во близина на Тринидад

(ВИДЕО) Американската морнарица заплени танкер во Карипско Море во близина на Тринидад

Американската морнарица денеска заплени танкер во Карипско Море во близина на Тринидад. Ова е петта ваква американска акција за неколку недели.

Танкерот „Олина“ претходно исплови од Венецуела, а потоа се врати во регионот, каде беше пресретнат од американската морнарица. Танкерот пловел под лажно знаме на Источен Тимор.

Американската морнарица пред 2 дена зазеде танкер што пловеше под руско знаме, а е поврзан со Венецуела.

По соборувањето на претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, САД не дозволуваат бродови и танкери, против кои се воведени санкции, да влезат или да ги напуштат територијалните води на јужноамериканските земји-членки на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК).

Вашингтон ослободи двајца Руси, членови на екипажот на танкерот за нафта под руско знаме што САД го запленија оваа недела во Северниот Атлантик, објави Тасс, врз основа на соопште ние на Министерството за надворешни работ на Руската Федерација.

foto printskrin


Слично

Поврзани вести