Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Американците по грешка ја наоружале и Исламската држава

(ВИДЕО) Американците по грешка ја наоружале и Исламската држава

Дел од испораката на оружје од американската војска кое било наменето за курдските борци, паднало во раце на џихадистите во близина на боиштето кај сирискиот пограничен град Кобане.

Во видео пораката, под името „оружје и муниција фрлена од американските авиони во областа на градот Кобане кој го држат ИД“, маскираниот борец го покажува она што изгледа дека е еден пакет врзан за падобран, пренесува агенцијата АП.

„Тоа е американска помош фрлена на неверниците. Слава му на бога, тоа е плен на муџахедините“, рекла личноста во видео пораката која вчера е објавена, бидејќи ги отворила дрвената кутија полна со ракети и гранети, додека може да се слушнат авиони кои кружат над нив.

АФП наведува дека портпаролот на Пентагон, контрадмирал Џон Кирби не можел да потврди дали повеќе од еден пакет паднале во рацете на џихадистите, односно дека „паднал надвор од курсот“.

Би-Би-Си наведува дека портпаролот на Пентагон рекол дека повеќето испораки завршиле во вистински раце.

Во извештајот се додава дека 27 пакети со малокалибарско оружје, муниција и друго наоружување, наменет за милицијата која го брани градот Кобане, паднало во ноќта помеѓу неделата и понеделникот.

Кирби наведе дека анлитичарите на американската Централна команда и во Пентагон го проучуваат објавеното видео.

Слично

Поврзани вести