Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) АМЕРИКАНЦИТЕ ПАК ПРОТЕСТИРАА: Незадоволни се од Трамп и Маск

(ВИДЕО) АМЕРИКАНЦИТЕ ПАК ПРОТЕСТИРАА: Незадоволни се од Трамп и Маск

Американците протестираа против претседателот Доналд Трамп. Во Масачусетс учесниците носеа транспаренти со пораки како „Сега е наш ред да се бориме против тиранијата“ и „Фашистите доаѓаат, фашистите доаѓаат“. 

Десетици илјади луѓе вчера излегоа на улиците низ Соединетите Американски Држави(САД) за да протестираат против претседателот Трамп и неговиот соработник Илон Маск, кој раководи со Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ). Протестите, познати како „50501“, што значи „50 протести, 50 држави, 1 движење“, се одржаа на 250-годишнината од почетокот на Американската револуционерна војна.

Многумина бараа враќање на Килмар Абрег Гарсија, кој по грешка беше депортиран во Ел Салвадор.

Од раните утрински часови демонстрантите се собраа во Вашингтон, Њујорк и Чикаго, а протести се одржаа и во сојузните држави како Роуд Ајленд, Мериленд, Висконсин, Тенеси, Јужна Каролина, Охајо, Кентаки, Калифорнија и Пенсилванија. Американците протестираа и во странство, вклучително и во Даблин и во неколку други градови. Во Вашингтон протести се одржаа во паркот Френклин и пред домот на Џеј Ди Венс.

Протестите „Рацете подалеку“ на почетокот на април собраа десетици илјади граѓани ширум земјата. Според најновата анкета на Галуп, 45 отсто од гласачите ја одобруваат работата на Трамп во првиот квартал од неговиот мандат, што е повеќе од 41 отсто во истиот период за време на неговиот прв мандат. 

фото принтскрин


Слично

Поврзани вести