(ВИДЕО) АМБИЦИОЗНО: Која ќе биде новата мета на Ким Џонг Ун?
Северна Кореја планира да направи уште едно контроверзно лансирање на ракета чија цел ќе биде Месечината.
Шокантното соопштение од Пјонгјанг доаѓа само еден месец откако американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се согласиле да започнат дијалог.
Сепак, се стравува дека Пјонгјанг со евентуално лансирање на ракета би можел да ги загрози понатамошните преговарачки процеси.
Извори од американската Влада тврдат дека шефовите на Пентагон откриле сателитско лансирање во близина на истражувачкиот полигон Санун-донг.
Хион Кванг Ил, директор на научното истражување во Националната администрација за развој на аеронаутика во Северна Кореа, рекол дека неговото истражување и лансирање ќе помогне во “освојувањето на Месечината”.
Западните сили неколку пати го критикувале Пјонгјанг за обидите за лансирање на сателити, бидејќи сметаат дека тие носат тајни проектили.
Пјонгјанг лани спровел неколку тестови на ракети со нуклеарни боеви глави, кои довеле до тоа Доналд Трамп да се закани со “оган и бес”.
Но, постои надеж дека двете земји ќе најдат заеднички јазик во текот на средбата која е планирана за следниот месец.
Сепак, подоцна било откриено дека Ким би можел да ја посети и Москва.
Портпаролката на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рекла дека подоцна ќе биде објавен датумот на нивото на разговорите.
