Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) Амазон уништува стотици илјади неотпакувани телевизори, компјутери, лаптопи: СЕКОЈ МЕСЕЦ!

(ВИДЕО) Амазон уништува стотици илјади неотпакувани телевизори, компјутери, лаптопи: СЕКОЈ МЕСЕЦ!

Амазон уништува голема количина на непродадена стока секоја година, а меѓу уништените работи се и паметни телевизори и лаптопи, открено во истражување, објави Itv news.

На снимката што се појави се гледа голема количина отпад од само еден од 24-те дистрибутивни центри на компанијата во Велика Британија. Производите се претежно неискористени и сортирани во кутии со назнака „уништи“, а станува збор за дронови, фенови за коса, слушалки, книги и слично.

Видеото го дал еден од вработените, кој сакал да остане анонимен и кој тврди дека работниците уништуваат околу по околу 130.000 парчиња разна стока неделно.

„Јас мислам дека нема причина за уништување. Правосмукалки, лаптопи, таблети, спакувани маски, сето тоа го има. Околу 50 проценти од стоката не е отворена, додека другата половина се вратени работи во добра состојба. Вработените станаа рамнодушни и не прашуваат што уништуваат кога го работат тоа, рече анонимниот извор.

Истрагата утврди дека стотици илјади непродадени или вратени производи завршуваат секоја недела во „зоната на уништување“.

За една недела, 123.000 предмети за уништување биле префрлени во магацинот Данфермлајн, а во истиот период, само 28.000 предмети за донации.

Причината за уништувањето е деловниот модел на работа на Амазон. Многу трговци низ целиот свет ги чуваат своите производи во магацините на Амазон, но колку подолго се таму толку е поголема цената за складиштење. На крајот им е поевтино да се уништи.

Организацијата „Гринпис“ наведува дека станува збор за непотребен отпад и дека ваквиот начин на уништување стока е шокантен.

Амазон одговори и рече дека работи на својата цел, а тоа е дека нема да има уништување на стоки во иднина, а приоритет е препродажба, донирање и рециклирање на непродадени производи.


Слично

Поврзани вести