ВИДЕО: Активирал експлозив, па си го пресекол грлото со нож
Пет луѓе се повредени во експлозија на рачно изработена бомба на меѓународниот аеродром Пудун во Шангај, Кина.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/RT_com/status/741917773425696768[/embed]Бомбата била активирана од маж, кој е меѓу ранетите. Нападот е извршен во зоната за заминување на патниците на Терминалот 2. Мажот извадил пивско шише со рачно изработен експлозив од ранецот, кој го носел на грбот и го фрлил кон местото за чекирање.
Напаѓачот потоа си го пресекол грлото со нож. Тој се здобил со сериозни повреди и укажана му е лекарска помош.
Четири лица се полесно повредени од залетани делови од скршените стакла.
Слично
