(ВИДЕО) АЈДЕ ДА ВИДИМЕ КОЛКУ СТЕ ХРАБРИ - како во Индија им носат памет во глава
По ќотекот за недисциплинираните, во Индија почнале и малку помеки мерки за заштита од КОВИД 19.
Полицијата за непослушните граѓани стартувала со примена на метод за заплашување, а и самата тоа го објавува на Јутјуб.
Оние кои не го почитуваат полицискиот час а биле откриени од полицијата се сместуваат во возило на брза помош. Во него има лажен пациент наводно заразен од коронавирусот. Уапсените лица не знаат дека човекот е лажен пациент, тоа па се молат да бидат пуштени или се обидуваат очајнички да побегнат од брзата помош, го молот лажниот заболен кој кашла во нив да не им се доближува…
Како изгледа тоа може да се види од настан кој полицијата го објавила на официјалниот Јутјуб канал, откако запреле три млади лица на мотори за време на полициски час. Тие не носеле заштитна опрема и завршиле во брзата помош со лажниот пациент заразен со короанвирусот.
