Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ВИДЕО) AДАМ (21) ИЗВРШИЛ МАСАКР ВО АТЛАНТА: Испливаа деталите на грозоморниот чин

(ВИДЕО) AДАМ (21) ИЗВРШИЛ МАСАКР ВО АТЛАНТА: Испливаа деталите на грозоморниот чин

Осомничениот, 21-годишниот Роберт Арон Лонг, е уапсен во вторникот вечерта на околу 240 километри јужно од Атланта, откако е осомничен за напад во салони за масажа и убиство на осум лица, од кои повеќето се со азиско потекло.

Роберт Арон Лонг, наводно имајќи панцир на себе, тој кобен ден одел од салон во салон и ладнокрвно убивал луѓе, а полицијата сè уште ги истражува мотивите на ова злосторство.

Властите соопштија дека сè уште не знааат дали убиствата се расно мотивирани, но пукањето предизвика загриженост кај застапничките групи, кои привлекоа внимание на серија напади врз луѓе со азиско потекло.

Вработените во салоните во Атланта се надвор од себе од страв, посочуваат дека досега на тоа место не е забележано вакво крвопролевање.

Да потсетиме, првото пукање се случи во вторникот попладне во кое беа убиени четири лица и две ранети. Набргу потоа, во уште четири престрелки се убиени четири лица.



Насловно фото:Printskrin- TWITTER/@SEIDENWSBTV

Слично

Поврзани вести