(ВИДЕО) Абделгави од Либија: Водата донесе неколку тела во нашата куќа
31-годишниот сметководител од либискиот град Дерна, Хусам Абделгави oбјасни какви сцени видел за време на поплавата.
После полноќ, Абделгави станал од креветот и се симнал во приземјето од својата куќа за да провери зошто лаат неговите миленици. Додека се спуштал, почувствувал дека прска вода. Кога ја отворил влезната врата од куќата во која живеел со својот 28-годишен брат Ибрахим, влегла уште повеќе вода и ја разнела вратата. Браќата истрчале кон задната врата од домот. Таму нашле сцена која ја опишале како „незамислива“ и „полоша од смртта“.
„Покрај нас лебдеа тела на жени и деца. Поплавата однесе автомобили и куќи. Водата донесе неколку тела во нашата куќа“, изјави Хусам Абделгави за Би-Би-Си.
Водата ги однела двајцата. Поројот бил толку силен што по неколку секунди во него се оддалечиле на 150 метри. Ибрахим успеа да ги фати каблите за напојување кои сè уште беа прикачени на столбовите и се влечел до местото каде што бил заглавен Хусам. Така влегле на третиот кат преку прозорецот, а потоа се качиле повисоко за да бидат безбедни. Експерти сметаат дека бурата Даниел направи штети поради славата инфраструктура и поделеноста во земјава. Се верува дека бројот на жртвите може да изнесува и до 20.000.
foto EPA-EFE/STRINGER